Бугарија: Баби и дедовци ќе гледаат внуци за плата
Во Бугарија од денеска стартува проектот „Вработени родители“. Со овој проект вработените родители, чии деца не се запишани во градинка, ќе можат да аплицираат за средства доколку детето го чува невработен родител или баба и дедо.
Невработените родители чии деца не се запишани во градинка, ќе можат од бугарското Биро за труд да добијат финансиски средства како дадилки.
Платата на „дадилките“ ќе биде минималната и ќе може да се добива во период од максимум 18 месеци. Исплатата ќе биде со европски средства од програмата „Развој на човечките ресурси", соопштува бугарски „Блиц“.
Ако жената одгледува две деца во едно семејство, ќе добива 150 проценти од минималната плата, односно 690 лева (352 евра). Пензионираните баби и дедовци, исто така, ќе можат да се регистрираат во канцелариите за труд, за да ги одгледуваат внуците, објаснија од Министерството за социјални работи. .
Според пропозициите, предност ќе имаат самохрани родители, големи семејства, членови на семејства на социјална помош и други ранливи групи.
Се очекува 1.500 семејства со мали деца да аплицираат и на тој начин да се вработат најмалку 2000 невработени лица. Целите на програмата се родителите, чии деца не се запишани во установи за згрижување деца, да можат да се вратат на работа или, ако се невработени, да можат да најдат вработување. Апликантите треба да се грижат за дете до најмногу пет години.
Невработените родители ќе можат да аплицираат за згрижување на деца, но тие ќе мора активно да бараат работа преку заводите за вработување.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО