Бизнис
22. May 2016 - 19:40

Буџетските приходи подобри од лани, во наплатата на даноците и социјалните придонеси нема проблеми

Буџетските приходи  подобри од лани. И покрај политичките случувања во наплатата на  даноците и социјалните придонеси нема  проблеми. За првиот квартал  споредено со истиот период од 2015  кај  приходите од ДДВ раст има од една четвртина или тие се за 25 отсто повисоки.  Приходите од персоналниот данок зголемени се за 10 отсто, а раст е регистриран и кај наплатата на придонесите. Благо намалување има само кај данокот на добивка  што главно се должи  на  одлуките на фирмите профитот да го  реинвестираат.

Аналитичарите не очекуваат да има  големи отстапувања ниту од вкупно планираните приходи  за годинава . И покрај тоа што дел од фирмите во стопанството  се соочија со потешкотии во работата поради политичката неизвеснот, сметаат дека големо забавување на растот на бруто домашниот производ  нема да има и дека ќе се соберат планираните средства во држваната каса.

Вкупните приходи во буџетот за годинава се проектирани на близу 2,9 милијарди  евра илу 6 отсто повеќе од лани.  Расходите пак на 3,2 милијарди евра. Планирано е и намалување на дефицитот од 3,6 на 3,2 отсто.