Loading Video...
Кошарка
19. March 2018 - 12:24

Будуќност и Црвена звезда поведоа со 1-0 во полуфиналето на АБА лигата

Будуќност и Црвена звезда ги добија првите полуфинални натпревари од плејофот во кошаркарската АБА лига
 
Во неизвесен дуел кој беше решен во завршните секунди со двете слободни фрлања кои ги погоди Гордиќ, екипата на Будуќност во Подгорица ја совлада Цедевита минимално со 84-83. Токму Гордиќ беше најефикасниот играч во победничката екипа со 23 поени, односно еден помалку од Вил Чери од редовите на хрватскиот првак. 
 
Во Белград, актуелниот шампион во АБА, Црвена звезда немаше проблеми во дуелот против Морнар кој го доби убедливо со 91-63.
 
Серијата прв до две победи продолжува со реванш натпреварите кои ќе се играат во недела (25.март) во Бар и Загреб, додека евентуалните мајсторки би се одиграле на 31 март во Белград и Подгорица.