Живот
16. January 2018 - 15:17

Будалата Трамп беше во право, треба сите да се отераме во... Карлеуша со остра порака го запали Твитер

Јелена Карлеуша редовна е на социјалните мрежи на кои секојдневно ги искажува своите ставови, дава мислење за различни теми и обично пишува она што ретко кој би рекол за своите комшии, а не целокупната јавност.

Денес Карлеуша на Твитер се огласи со силна порака која се однесува на балканскиот нарад, а на самиот почеток на пораката Доналд Трамп го нарекла будаала, иако му дала признание за една работа.

- Кога ќе подразмислам, онаа будала Трамп убаво кажа! Ние на Балканот сме с*ање држави! Мали, мизерни, бедни, злобни, зајадени околу малку леб и земја, братоубијци без гордост и чест! Треба сите заедно да се отераме во пи*ку матер! - напишала Карлеуша.

Оваа порака на Твитер се појавила откако се објави трагичната вест за убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица.