Брза помош во 3 наутро ги разбуди жителите на Борча: Нова драма во семејството Марјановиќ
Милош Марјановиќ, братот на Зоран Марјановиќ и девер на несреќно настраданата пејачка Јелена рано утрово добил напад на бубрег.
- Некој во 3 часот наутро се јави во Брза помош, разбравме само два збора "пак повраќа". Во истиот момент екипа на Брзата помош тргнала и на пациентот му пружила неопходна помош.
Инаку, Милош сличен напад иммал 28. декември минатата година, кога е хоспитализиран во Земун. Таму не е задржан, па после пружената помош пуштен е на домашно лекување.
Овој пат Милош останал дома, бидејќи состојбата не била алармантна како минатиот пат, но и сега се жалел на силни болки и мачнина.
Милош е брат на Зоран Марјановиќ, кој моментално се наоѓа во притвор поради сомнение за убиство на неговата сопруга, пејачката Јелена Марјановиќ.
Милош како и останатите членови на семејството Марјановиќ се под лупа на полициската истрага поради Јелена. Полицијата ги испрашувала сите членови на семејството, бидејќи сакала да најде било каква трага како би се решило најмистериозното убиство во Србија конечно.
Иако се пишувало многу за Милош, тој тврди дека за време на злочинот спиел дома.
Милош се венчал на 24 септември со својата долгогодишна девојка Милица, која е бремена.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина