Македонија
10. October 2015 - 13:04

Брутално претепан кумановец, напаѓачот приведен

Едно лице е повредено во тепачка што се случила вчера на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово.

Физичката пресметка се случила во 18:45 часот кога М.М.(24) без повод и причина физички го нападнал Д.Б.(24) удирајќи го со тупаници во пределот на лицето, по што тој паднал во бесознание. Со возило од Брза помош тој е пренесен и задржан на лекување на Хируршкото одделение во Медицинскиот центар во Куманово. М.М. е приведен и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.