Бизарно но вистинито
21. јуни 2017 - 15:52

Брутални снимки - На познатиот остров колат и убиваат кучиња, па месото го продаваат наместо пилешко

Островот Бали е омилено одредиште на туристите ширум светот. Истражување на организација за заштита на животни Анималс Австралија открило ужасен факт дека на островот масовно и брутално убиваат кучиња, а потоа на туристите им го продаваат месото тврдејќи дека е пилешко.

Најмногу кучешко месо нудат уличните продавачи, а дури 70 проценти од рестораните продаваат кучешко месо.

Проценката вели дека секоја година поради трговија со месо на Бали брутално се убивани околу 70.000 кучиња.