Бројот на жртвите од земјотресот во Италија достигна 250 лица
Најмалку 250 лица загинаа во земјотресот во централна Италија, соопшти Имаколата Постиљоне, шефицата на службата за цивилна заштита, на прес-конференција во Рим денеска попладне.
Хоспитализирани се 365 повредени.
Повеќето од загинатите се туристи, вклучувајќи и странци.
Градоначалникот на Амалтриче денеска изрази стравување дека под урнатините на хотелот „Рома" се наоѓаат телата на 15 до 20 туристи.
Според последните податоци на властите, спасувачките екипи извадиле живи 215 лица од под урнатините. Во спасувачките работи се ангажирани над илјада полицајци, 1060 пожарникари, 400 војници, на кои им се придружија повеќе од 3.000 волонтери, пренесе ТАСС.
Шефот на националната служба за цивилна заштита Фабрицио Курчио изјави дека бројот на загинатите сега може да го надмине бројот на загинатите во земјотресот во градот Аквила во 2009 година, кога загинаа 309 луѓе.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово