Бизнис
12. July 2017 - 19:57

Бројот на туристи во првите пет месеци од годината зголемен за 11%

Пораст на бројот на туристи за 11% од почетокот на годината до мај, објави државната стастистика.  Зголемен е бројот и на домашните и на странските гости.  Работниците од оваа дејност, очекуваат уште подобри резултати во претстојниот период. Велат дека капацитет имаме и за двоцифрен раст.

-  Македонија има се што бара еден модерен турист. Значи туристите не сакаат повеќе плажа и вода, туку бараат цел пакет, односно и  пешачење во природа, посета на знаменитости,  цркви, традиционлана храна, гостопримствио -  а сето тоа Мкаедонија го има и го нуди., изјави Влатко Сулев, Национална Асоцијацијса за туризам

Во пресрет на Супер купот,   се очекуваат над 15 илјади туристи од Запдна Европа и уште најмалку 10 илјади од балканските земји. Сулев вели дека ова е  шанса за Македонија, да се покаже  во вистинско светло

Според статистичките податоци, најпосетени се  езрерските места, а веднаш зад нив  е главниот град . Гостите  најмногу сакаат да се сместат во хотели со 4 и 5 звезди.  Најбројни , над 20 илјади туристи има од од Турција, како  и од соседните Грција, Бугари и Србија , од каде дошле над 3,000 лица