ОН: Бројот на раселени лица поради природни катастрофи ќе достигне 14 милиони годишно
Проценките на Обединетите нации укажуваат дека, со влошувањето на климатските промени и природните катастрофи, можеме да очекуваме во просек по 14 милиони лица годишно да останат без своите домови.
Како главни ризици кои ги анализирала Канцеларијата за намалување на ризици на ОН, се ненадејните поплави, земјотреси, циклони и други природни катастрофи. Извештајот е објавен денеска, на Меѓународниот ден за намалување на ризици од природни несреќи, и според него, особено загрозени се државите во Јужна и Југоисточна Азија.
Извештајот содржи анализи на бројот на луѓе кои се внатрешно раселени или се загрозени од природни катастрофи и само во Индија, тој изнесува 2,3 милиони луѓе, додека во Кина бројката достигнува 1,3 милиони.
Од развиените индустриски земји, Русија и САД имаат по неколку стотици илјади лица кои се директно загрозени од природни несреќи и агенцијата УНИСДР на Обединетите нации ги повикува да ги подобрат своите капацитети за справување со природни катастрофи.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка