Бизнис
9. October 2017 - 21:01

Бројот на патници на аеродромите зголемен за 12% - Супер Купот постави нов рекорд - слетале 8.000 патници за еден ден

Суперкупот донесе рекорден број патници на скопскиот аеродром. Август беше најпрометен во авиосообраќајот, каде беа опслужени над  216 илјади патници, што е пораст од околу 24%. Најфреквентен ден на аеродромот во Скопје беше 7 август, кога имало 98 летови и беа превезени над 8 илјади патници, информираат од ТАВ. Во првите три квартали годинава од двата аеродроми опслижени биле  над 1,5 милиони патници. Бројката  е зголемена за 12% во споредба со истиот период минатата година. Од јануари до септемри се реализирале  13,752 летови, што е  6 пати повеќе отколку лани. Најмногу се патува за Истанбул, Цирих и Виена.. Неодамна и од македонската Навигација најавија дека  по набавката на новата опрема, наместо 1,000 ќе има 2,5 илјади прелети на ден.

Македонците најмногу сакаат да патуваат со ниско буџетни компании. Повеќе од половината патници ги користеле eвтини летови, потоа следуваат Туркиш и Аустриан Ерланјс. .Со воведувањето на 4 те нови линии од скопскиот, како и  сезонски летови од Охрид, во втората половина од годинава , придонесоа за  двоцифрен раст на бројот на патници. Првиот човек на ТАВ очекува крајот на годината да се заврши со солиден пораст на вкупниот број на патници.