Македонија
27. September 2015 - 16:47

Бројот на несреќи со жртви опаѓа, протестите против Трајановски се манипулација

СДСМ заработува политички поени на жртвите во сообраќајните несреќи.

Анализата на статистичките податоци покажува дека вчерашниот протест организиран од опозициските структури не е ништо повеќе туку обид од семејните трагедии на луѓето кои загинале во сообраќајќи, СДСМ да си обезбеди предност во предизборната трка.

Обидот за жртвите во сообраќајот да се обвини градоначалникот на град Скопје пропаѓа особено ако се знае дека од 2003 па се до 2013 година, бројот на жртви во сообраќајни несреќи на годишно ниво е речи си идентичен, а треба да се земе предвид дека со менувањето на законите за увоз на автомобили во 2007, бројот на возила кои се движат по улиците е зголемен за повеќе од 50%.

Но наместо да расте и бројот на жртви, тој од 170 загинати во 2013 година, се намалил на 115 жртви во 2014, што според сообраќајните експерти се должи на подобрената сообраќајна инфраструктура.

За неколку години во Скопје се проширени сите клучни сообраќајници. Комплетно нови се Илинденска, Теодосиј Гологанов,, Борис Трјаковски. Нов асфалт има на Партизанска, Климент Охридски и Цветан Димов, а се градат Јане Сандански и Македонска Ударна бригада.

Покрај ова, инвестирани се над 43 милиони евра за изградба на катни гаражи кои треба да ги осолободат тротоарите за пешаците.

Експертите велат дека одговорноста за жртвите во сообраќајот е колективна. Статистиката вели дека најголем број жртви има во сообраќајни несреќи каде возачите не ги почитуваат правилата, па возат под дејство на алкохол, со преголема брзина или не ги почитуваат семафорските светла, а во таква ситуација, не помагаат ниту најдобрите улици на светот со најдобрата сообраќајна сигнализација.

А кога се прави споредбата со земјте од регионот, Македонија во просек има најмалку жртви во сообраќајни несреќи. На премиер во Босна годишно гинат 408 лица што е 14,2 на 100.000 жители. Тука е и Албанија и Романија, а нешто помалку жртви има во Турција, Србија и Грција.

Во Македонија бројот на жртви во сообраќајни несреќи од минатата година и во текот на оваа бележи тренд на опаѓање што се поклопува со владината кампања за подигање на свеста кај учесниците во сообраќајот.