Свет
23. April 2017 - 17:25

Бројот на мигрантите, осомничени за криминал во Германија зголемен за над 50 отсто

Бројот на мигрантите, осомничени за криминал во Германија се зголеми минатата година за 52,7 отсто, во споредба со претходната година, пишува денеска весникот „Велт ам зонтаг“, повикувајќи се на политички извештај за криминалната статистика во 2016 година. 

Се очекува германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер да ги претстави утре официјалните податоци.

За различни криминални дела се осомничени вкупно 174.438 мигранти. Нивниот уддел во вкупната бројка на населението на Германија (82,2 милиони жители) не е голем, изнесува помалку од два отсто. 

Мигрантите сепак извршиле 35,1 отсто од сите ситни кражби во Германија и 11,3 отсто од кражби во станови, а 14,9 отсто од сите сексуални напади и инциденти со нанесување тешки телесни повреди, отпаѓаат на оваа категорија.

Статистиката ги опфаќа бегалците и кандидатите за азил, како и мигрантите, кои нелегално влегле во земјата.