Бизнис
14. November 2017 - 19:41

Бројни проблеми со експропријација ја кочат гасификацијата

Близу 35, 6 милиони евра ќе одвои државата за гасификација следната година, или 5 милиони евра повеќе од проектираното за годинава. На прашањето до кај е процесот министерот за транспорт вели дека бројните експропријации ја кочат изградбата на мрежата. Добар дел од парите предвидени за догодина се наменети токму за обештетување на граѓаните низ чиј имот поминуваат гасификационите цевки.
 
Фирмите од градежниот сектор побараа од Сугарески во иднина да има примена а не чести измени на законите кои го отежнуваат нивното работење. Министерот вети дека со промените кои се подготвуваат треба да се олесни постапката за добивање на одобрение за градба како и да се намалат казните по разни основи.
 
-Фирмите, укажуваат на неспроведени решени судски спорови, како и на проблеми при впишување на сопственоста на земјиштето. Проблемите треба да се решат до крај, односно законите не се проблем, туку нивната практична реализација, потенцира Хоџа.
 
Трета година по ред во буџетот на Министерството за транспорт се предвидени пари за изградба на жичарата од средно Водно до болницата во Козле. Догодина повторно ќе се бара изведувач, за што се предвидени 800 000 евра повеќе од проектираното годинава