Бритни Рис и Дафне Шиперс со нови златни медали од атлетскиот Мундијал
На Светското атлетско првенство што се одржува во Лондон, синоќа беа поделени четири сета на медали.
Во скок во далечина триумфираше Американката, Бритни Рис. Таа до своето четврто злато од Светските првенства стигна со прескокнати 7 мести и 2 сантиметри, што беше за само 2 сантиметри повеќе од Русинката, Дарија Клишина.
Нејзините сонароднички Ема Кубурн и Кортни Фрерикс го освоија златото и среброто во трката на 3.000 мести „стиплчес“.
Дафне Шиперс потврди дека е најдобрата на светот во трката на 200 метри кај дамите. Холанѓанката до својот втор златен медал од Мундијалите стигна со резултат 22.05 секунди што беше само да 3.стотинки побрзо од Мари Жоре Талу од Брегот на Слоновата коска.
Во единственото машко финале и тоа во фрлање кладиво, Павел Фајдек од Полска и трет пат во низа го освојува златниот овојпат со префрлени 79,81 метри.
Вечерва на програмата се седум финални дисциплини.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море