Свет
27. јуни 2016 - 17:23

Британската Влада со нова екипа ќе преговара за условите на Брегзитот

Владата на Велика Британија денеска постигна договор за воспоставување нов оддел на државната служби, што ќе има „сложена“ задача да преговара за начинот на излез на оваа земја од Европската унија, изјави портпаролот на британскиот премиер во оставка, Дејвид Камерон.

- Премиерот даде предлог, а кабинетот го поддржа формирањето на нова единица за водење на интензивната работа на државната служба за прашањата што ќе мора да бидат разработени за да се претстават опциите и да му се дадат совети на новиот премиер, рече таа.

Камерон во својата изјава по соопштувањето на резултатите од референдумот најави дека до октомври ќе поднесе оставка.