Свет
17. October 2017 - 9:24

Британската Влада ќе вложи 2,5 милијарди фунти заради намалување на штетните гасови

Британската Влада синоќа претстави план за вложување на повеќе од 2,5 милијарди фунти (3,31 милијарди долари), со цел намалување на емисиите на штетни гасови.

Тие планираат парите да ги инвестираат во наука, истражување и иновации во периодот до 2021 година. Со најновата стратегија предвидени се програми во енергетика, транспорт, земјоделство и во секторот на отпадот, при што 900 милиони фунти ќе бидат потрошени на иновации.

Во јули британската Влада најави дека од 2040 година ќе забрани продажба на нови автомобили на дизел и бензин. Тие законски се обврзаа и дека до 2050 година за 80 отсто ќе го намалат нивото на штетни гасови во однос на нивото од 1990 година. Со новиот план, британската Влада ќе потроши милијарда фунти на промовирање возила со ниска емисија на гасови и оти ќе им помогне на потршувачите при купувањето нови автомобили.