Свет
26. March 2017 - 9:59

Британската полиција ослободи уште едно лице осомничено за нападот во Лондон

Британската полиција пушти на слобода уште едно лице кое беше уапсена поради нападот во Лондон што се случи во близина на британскиот Парламент.

Во моментот во притвор е задржано само уште едно лице, 58-годишниот маж кој беше уапсен во четвртокот во Бирминген, градот во кој живеел и напаѓачот Халид Масуд.

Полицијата приведе 11 лица поради нападот.

Од 10-те ослободени лица една 32-годишна жена е пуштена со кауција, наведе британската полиција.

Четири лица загинаа, а 50 се повредени при нападот што се случи во средата пред Парламентот во Лондон. 

Британската полиција се обидува да утврди дали напаѓачот делувал сам.