Свет
23. March 2017 - 9:01

Британската полиција изврши рација во Бирмингем

Британската полиција изврши денеска рација во куќа во Бирмингем во врска со нападот во Лондон и приведе неколку лица, јави Скај њуз.

Вооружени полицајци претресле куќа, а биле затворени пет главни приоди кон објектот и неколку други рути во Бирмингем што се во близина.

Медиумот јави дека полицијата не дала коментар за рацијата поради „оперативни причини“.