Македонија
23. February 2017 - 16:54

Британија ќе ја поддржи секоја влада која ќе работи на битни реформи и транспарентност - британскиот министер за Европа и Америка Алан Данкан

Британскиот министер за Европа и Америка Алан Данкан од денеска е во дводневна посета на Македонија. Се среќава со лидерите на парламентарните партии, претседателот Иванов, шефот на дипломатијата Попоски  како и со претставници на СЈО и невладиниот сектор.

Во моментов тој е на средба во партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ по што ќе се сретне и со раководствот на СДСМ а денот ќе го заокружи со средбата со министерот Попоски. Утре тој ќе разговара со ДУИ и Алијансата на Албанците и ќе го посети Иванов во резиденцијата на Водно.

Пред пристигнувањето тој на својот блог напиша дека на партиските лдиери ќе им порача дека било која идна влада ќе има силна поддршка од Британија доколку е посветена на реформските приоритети.

Еве дел од неговите ставови:

„Знам дека вашите неодамнешни избори беа без јасно решение. Во ниту еден случај Британија нема да се меша во она што се ваши внатрешни прашања а не наши. Доаѓам во Македонија за да ги слушнам лодерите ан сите политички партии и да испратам една јасна и едноставна порака- Обединетото кралство е голем пријател на Македонија и ќе продолжиме да ја поддржуваме секоја влада која ќе работи ан битни реформи“, пишува Данкан.

Британскиот министер ќе посочи дека патот кон НАТО и ЕУ за МАкеоднија е основа за стабилноста, безбедноста и просперитетот.

Интересно е што ваквата порака доаѓа од министерот задолжен за европа на земјата која ја напушта Европската Унија. На оваа забелешка тој одговара преку својот блог порачувајќи дека иако Британија ја напушта Унијата не ја напушта Европа, па останува силно посветена на напредокот на земјите од Западниот Балкан.

Вчера од британската амбасада брифираа дека Данкан на лидерите нема д аим дава сугестии во однос на составот на идната влада но ќе им порача побрзо да ја придвижат земјата кон спроведување на реформската агенда.

Пред помалку од една година во посета на земјава беше неговиот претходник Дејвид Лидингтон кој тогаш се сретна и со Заев и Груевски.