Спорт плус
22. January 2017 - 19:11

Британец го освои второто место во слалом!

30 -годишниот Дејв Рајдинг  постигна историски резултат на трката во слалом што во рамките на СК се возеше во Кицбил , Австрија. 

Тој е првиот Британец што се искачи на подиумот откако го освои второто место веднаш зад домашниот скијач Марсел Хиршер кој ја оствари третата победа во слалом оваа сезона. 

Рајдинг беше најбрз по првата трка но во втората доминираше Австриецот. 

Пред 35 години Британскиот скијач Конрад Бартелски беше втор но на спуст возен во Италија.