Свет
27. March 2016 - 11:57

Бриселскиот аеродром: Главната зграда е стабилна

Бриселскиот аеродром денеска соопшти дека испитувањата на главната зграда во која се наоѓа терминалот за полетување, кој беше оштетен во двата бомбашки напади, покажале дека структурата на градбата е стабилна. 

Во соопштението се нагласува дека сега ќе се испита можноста тука да бидат поставени привремени пултови за чекирање. 

Претходно бриселскиот аеродром соопшти дека не очекува дека ќе може да биде отворен пред вторник, со делумно воведување на услуги за патниците, бидејќи се уште во тек е санирање на штетата и воведување нови безбедносни мерки.