Бизнис
25. October 2017 - 19:41

Брендот Скопски саем ќе остане, манифестациите ќе се одржуваат на други локации

Брендот Скопски саем останува. Ќе се бара нова локација каде ќе се одржува, откако компанија ги изгуби деловните простории. На негово место ќе се гради нов трговски центар, со станбен и деловен простор. Новиот газда на имотот,  албанската групација Балфин, првата година најавува инвестиција од 180 милиони евра, во наредните 5 до 7, истата би се зголемила на 300 милиони евра. Директорот на саем, Кошутиќ, вели дека брендот работи профитабилно, финансика и логистичка поддршка од бугарските газди има.

-  Новонастанатата состојба многу брзо ќе се расчисти и новиот сопственик на брендот Скопски саем компанијата „Кардфинанс“ брзо ќе соопшти каде ќе се насочи. Каде тие ќе се одржуваат ќе се знае за два месеца – изјави Дејан  Кошутиќ, директор на Скопски саем

Од Владата им ветија помош во обезбедување   локациски простор, а за останатите имотно правни односи, надлежноста ја имаат самите правни субјекти.

- Доколку новиот сопственик сака да изгради нови саемски хали ќе се обезбеди соодветна локација за тоа, а локалните самоуправи ќе донесат соодветни промени на плановите . Владата  нема право да се меша во имотно-правните работи на сопствениците, но ќе ги поддржиме инвеститорите – вели Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања. .

Крајот на јули имотот на скопски саем , беше одземен од страна на банките и продеден преку извршител. Новите газди  го купија земјиштето  со површина од 155 илјади метри квадратни. Плановите се да се започнат со градба од есента наредната година , а целиот комплекс да биде готов до 2020 та година. Инаку ова ќе биде прва приватна најголема инвестиција на македонскиопт пазар.