Џет-Сет
26. July 2017 - 12:05

Брена има паранормални способности: Имам моќ да зборам со магла!

Музиката ѕвезда Лепа Брена тврди дека гледа работи кои допрва ќе се случат благодарени на тоа што во сон комуницира со магла.

Сопственичката на „Гранд“ при едно гостување во „Максовизија“, емисијата на покојниот Милован Илиќ Минимакс, која во 2004 година е емитувана на ТВ Пинк, прв и последен пат јавно проговори за своето паранормално искустов и детално опиша како претсакажувањето и се осварило.

-После толку работи кои ми се случија во животот, сега кога знам дека имам свои соништа кои нешто претскажуваат. Копга влегов во деветтиот месец од бременоста со постариот син Стефан, сакав што побрзо да се породам. Отидов на лекар со желба да ми даде проволации. Но тој не сакаше да слушне за тоа. Една вечер сонував сон како седам и зборувам со магла и се жалам дека ми е тешко и сакам да се породам. Ми вели мене маглата дека морам да почекам, дека ќе родам убав син, но дека морам да почекам тој да биде роден во знакот на Близнаци. “Тоа е ваша судбина и ваша среќа“ - ми вели мене маглата. Станав утрото и не смеев тоа да му го кажам на Боба дека разговарав со магла, раскажа Брена во еден здив и потоа нагласи дека Стефан е роден на 21 мај 1992 година во Америка, во знакот на Близнаци токму како што и е претскажано.

Stefan, Brena i Viktor

-Кога се роди Стефан, во Њујорк беше 00:15 часот. Значи по американско сметање на времето влезе 15 минути во тој 21 мај и во Близнаци. Долго после тоа не знаев кој знак ми е детето, зошто бев под стрес поради војната што почнуваше во Југославија која на големо се распаѓаше. Потоа многу мои соништа се остварија и она што го сонував се случи, ама не зборувам многу за тоа, изјави Брена.