Џет-Сет
22. September 2016 - 16:29

„Бред Пит пуши трева зошто се ожени со лудача!“

Во своето шоу, комичарката Челси Хендлер (41) не бираше зборови кога го коментираше разводот на година.

Хендлер, која е блиска пријателка со поранешната сопруга на Бред, Џенифер Анистон (47), се осврна на гласините за причините за разводот на славната двојка.

-Се зборува дека дел од проблемот е што Бред пие и премногу пуши марихуана. Многу ме интересира зошто мора сам така да се лечи, рече комичарката.

-Можеби затоа што последните 12 години можеше да ги помине во друштво со Мет Дејмон и Џорџ Клуни, наместо да биде заробен во куќа со 85 деца кои зборуваат 15 различни јазици, се пошегува Челси.

-И да, затоа што се ожени со е*ена лудача, ете затоа, додаде Челси, позната по својот остар јазик.

Анџелина Џоли по 12 години врска и две години брак поднесе барање за развод од Бред Пит. Како причина ги наведе „непомирливите разлики“.