Бразилец исчезна и позади себе остави соба полна со чудни записи
Мистериозното исчезнување на еден Бразилец покрена лавина на теории на заговор откако беше откриено дека неговата соба била полна со „многу чудни записи“, книги и статуси на филозофи од 16 век познати по своите теории за Универзумот.
Бурно Боргес мистериозно исчезнал на 27 март по семејната вечера во градот Рио Бранко во северозападниот дел на Бразил.
Но, исчезнувањето на овој студент по психологија предизвика меѓународен интерес на интернет беше објавена снимка од неговата соба.
На видеото се гледа дека на ѕидовите и подот на собата се испишани илјадници зборови и нацртани чудни дијаграми. Можат да се забележат и полици со многу книги и 14 големи папки со податоци на кои биле испишани големи римски броеви.
Најбизарен детаљ во собата е големата статуа на италијанскиот ренесансен филозоф Џордано Бруно, познат по теоријата за безграничност на Универзумот. Многумина во коментарите на социјалните мрежи забележале физичка сличност на Боргес со Бруно.
Меѓу натписите биле забележани пасуси од „Библијата“ и цитати на Леонардо да Винчи, како и симболи кои личат на пентаграм. Една од книгите е и „Теорија на апсорпција на знаење“.
Во собата се наоѓа и портрет на Боргес со вонземјанин.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација