Балкан
19. April 2016 - 14:44

Братот на Зоран првоосомничен – следува апсење

Собрани се сите докази и се очекува полицијата да му стави лисици на осомничениот за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ.

Како што пишуваат медиумите, прв на листата на осомничени е деверот на Јелена, Милош Марјановиќ, пишува Телеграф.рс.

Според пишувањето во медиумите, Марјановиќ со силна хемија ги перел патиките и го исчистил тепихот веднаш по злосторството.

Јелена исчезнала на 2. април, а нејзиното тело е пронајдено ден подоцна кај насипот во населбата Црвенка.

Од тогаш полицијата интензивно трага по убиецот на Ѕвездата на Гранд.