Балкан
26. November 2015 - 12:01

Бозкир: Турција и Русија го немаат тој луксуз да бидат во лоши односи

Турција и Русија го немаат тој луксуз да можат себе си да си дозволат да бидат во лоши односи, изјави денеска турскиот министер за односи со ЕУ, Волкан Бозкир, два дена по соборувањето на рускиот воен авион. 

Бозкир во Анкара рече дека очекува оти и по тој инцидент, на кој рускиот претседател Владимир Путин реагираше многу остро, Турција да ги одржува односите со Москва, пренесуваат турските медиуми. 

Турскиот министер додаде дека очекува зголемување на напорите неговата земја да стане членка на ЕУ, со оглед на тоа дека преговорите од поглавјето 17, кои се однесуваат на економската и монетарната политика, би требалао да бидат отворени на 14 и 15 декември.