Балкан
19. January 2018 - 14:44

Божји знак од небото: Бела гулабица леташе на ковчегот на Оливер Ивановиќ

Освен пријателите, роднините и неколкуте илјади граѓани, од Оливер Ивановиќ се простија и неговите колеги од политиката, како и бројни јавни личности од светот на спортот и културата во Србија.

-Погледни како цело време кружи околу ковчегот...Дали е ова можно? Тоа мора да е некој знак од Бога, и рече една постара жена на пријателката со која заедно дојде на Новите гробишта во Белград.