Балкан
24. April 2017 - 14:54

Божидар сеејќи смрт налетал на својот брат и му рекол: - Сите ги убив, само ку*вата ми остана!

77-годишниот Божидар Д. утринава во селото Бариќ направи крвав масакр која си го уби цело семејство. Пензионерот ги уби сопругата, синот, шурата, а ја рани и снаата.

Иако прво според неофицијални податоци, медиумите во Србија пишуваа дека страшниот злочин се случил поради кавга околу ТВ антена, сепак вистината е сосема поинаква. Српскиот Курир дознава дека кавгата која била мотив за трикратното убиство и самоубиство почнала поради тоа што тој сакал куќата да му ја остави на внукот, но се противеле неговиот син и снаа.

Неговиот крвав масакр течел вака: Тој се скарал со синот околу имотот, излегол надвор и земал пиштол, го пресретнал шурата и прво него го застрелал. Потоа, Божидар ги ранил синот и снаата, па тргнал кон својата сопруга. Таа почнала да бега кон своите родители, но тој ја нашол и убил. И неговиот син набрзо починал во болница, а само снаата останала жива.

Снаата е оперирана и за среќа веќе е надвор од животна опасност. Таа е единствен член на семејството кој го преживеа крвавиот злочин.

Божидар сеејќи смрт налетал на својот брат и му рекол: - Сите ги убив, само ку*вата ми остана! Сега ќе се убијам во црква. По овие зборови почнал да трча до црквата и пред капијата си пукал во главата.

Целото семејство со години живеело и работело во Австрија. Се вратиле неодамна и сакале да го поделат имотот. Смеејството било мирно, културно и не правело проблеми никогаш. Затоа цело село денеска е во шок од настанот.