Бизнис
4. September 2017 - 16:27

Босилово не гласаше на референдумот против изградбата на рудникот

После Валандово референдумското изјаснување околу отварањето рудници неуспешно помина и во општина Босилово. Причината е слабиот одзив на граѓаните. Наместо потребните 50% плус еден граѓанин кои се запишани во единствениот избирачки список на 19 те избирачки места вчера излегле 32, 45%  што не беше доволно да се постигне законскиот цензус.

,, Запишани гласачи се 12 301 од кои излегоа 3992, а потребна бројка за да биде успешен референдумот требаше да биде 6151, односно во проценти излегоа 32, 45%. Рефрендумот помина во најдобар ред . До моментот додека се сумираа резултатите  и за време на нашето пребројување немаше никакви забелешки.,, вели Киро Јаков – претседател на ОИК - Босилово

Инаку граѓаните од 16 - те населени места од општина Босилово вчера имаа можност да се произнесат по две прашања Дали се за или против отворање на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање на рудници за металични минерални суровини во општината.  Референдумот во Босилово беше петти по ред во југоистокот од државата. Претходно поврзано со изградбара на рудници изјаснување имаа и граѓаните од општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. За две недели, односно на 17 септември околу  работата рудникот Иловица ќе се изјаснуваат и ителите на општина Ново Село.