Бизнис
20. November 2017 - 20:27

Бошков: Избрзан чекор е кратењето на парите предвидени за повисока минимална плата

Газдите требаше да добијат повеќе време. Вака работодавачите ја коментираат одлуката на МФ да ги скрати парите за државна помош за исплата на минималната плата. Заради малиот интерес кај фирмите да аплицираат за субвенциите, со мини ребалансот на буџетот во саботата беа скратени 3,7 милиони евра од парите предвидени за оваа намена. Па така наместо 4,5 милиони сумата за годинава падна на 800 илјади евра. 
 
Претходно работодавачите се жалеа и на сиситемот на УЈП кој не им дозолува да аплицираат за субвенции. Имено, тој не ги препознава боледувањата, прекувремените саати и слично, па ги одбива работниците. Заради тоа што остануваат само мал број работници за кои може да се добие помош, но и од страв од инспекции, работодавачите не аплицираа за мерката. 
 
Според последните податоци, само 10% од фирмите во земјава не исплатиле минимална плата, од декември ќе има казни за газдите кои нема да го почитуваат законот.