Балкан
16. August 2016 - 16:42

Босанските власти уапсија осомничен за финансирање терористи

Босанската полиција уапси 57-годишен државјанин на БиХ под сомневање дека финансирал терористичка дејност.

По наредба на Обвинителството во селото Шепак во близина на Зворник уапсен бил Неџат Муиќ кој многу пати патувал во Сирија и се враќал во БиХ.

Осомничен е дека организирал и испраќал доброволци за Сирија и Ирак кои се бореле на страната на ИД.