Балкан
4. July 2015 - 18:15

Босанци тргнале на одмор, а заминаа во смрт

Брачен пар од Босна и Херцеговина загина, а нивната малолетна ќерка е тешко повредена по страшната сообраќајка која утрово околу 5 часот се случила во близина на Макраска, Хрватска.

Како што јавуваат локалните медиуми, семејството тргнало на летување, а до несреќата дошло кога возачот најверојатно заспал зад воланот па со автомобилот удрил во бетонски столб и паднал во бездната.

Автомобилот бил многу оштетен па телата на загинатите сопружници, ги извлекувале пожарникари сечејќи ја каросеријата на автомобилот.