Македонија
8. јуни 2017 - 16:36

Борисов: Многу сакам Македонија да е стабилна држава

Стабилноста на Македонија била една од темите во разговорот на бугарскиот премиер Бојко Борис со германската канцеларка Ангела Меркел. Борисов како што изјави за Дојче Веле, од Германија побарал поддршка за земјава, а го претставил и планот за бугарското претседателство со ЕУ од 1 јануари 2018 година.

-Стана збор за Македонија. Видовте дека кога се случија инцидентите во парламентот, без никој да ги натера и и покрај тоа што јас тогаш бев во опозиција, не бев никој, среде ноќ ми се обратија тројцата - и Зоран Заев, и Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов. Затоа што се убедиле дека не само што сум добар човек, туку и многу сакам Македонија да е стабилна како држава, нашиот сосед да е стабилен. Зашто, за нас би било премногу - од едната страна е Крим, од другата Турција во воена состојба, Грција се тресе секојдневно, во Македонија видовме што се случи. Затоа ја убедив и канцеларката Меркел и останатите дека треба да им се помага. За нас се важни, треба да ѝ дадеме шанса на новата влада и, се разбира, да продолжиме да разговараме и со Груевски, кој е од семејството на европските народни партии. Тоа значи дека и Македонија треба малку да мине по нашиот пат. Знаете колку бевме наострени (, но тоа никогаш не ни донесе резултат. Силата произлегува од обединувањето. Консензусот е силата на нацијат, излави Борисов За Дојче Веле.

За време на посетата на официјален Берлин и Париз, Борисов добил поддршка од двете клучни европски земји, за бугарската иницијатива за време на претседавањето со Унијата да се забрзуваат евроинтеграциите на земјите од Балканот.

-Германија ќе ни помага, вчера знаете дека и од Претседателот Макрон ја имаме поддршката, така што ,,моторите‘‘ на ЕУ, Германија и Франција ќе го сторат неопходното да им помогнат на народите на Балканот‘, зијави Борисов.

И германската канцеларка Меркел рече дека треба пред се‘ јасно да се истакне визијата и постојано да се поддржува перспектива на земјите од Балканот за приклучување во ЕУ и тоа да се потенцира, оти регионот е од голем интерес и за други геополитички актери