Македонија
17. January 2018 - 16:16

Борисов бара од ЕУ конкретен одговор за приемот на земјите од Западен Балкан

Земјите од Запшаден Балкан мораат да имаат јасна слика и Брисел мора со вистински зборови да им ја пренесе вистината дали и кога може да очекуваат членство во Европската Унија. Ова бугарскиот премиер Бојко Борисов, денеска во Стразбур отворено им го порача на лидерите на Унијата, презентирајќи ги приоритетите на бугарското претседателство до јуни.

Борисов го посочи договорот за добрососедство со Македонија како најдобрата опција за надминување на проблемите меѓу државтите од балканот.

Бугарскиот премиер понуди и опција за забрзнао инфраструктурно поврзување на замјите од Западен Балкан, како една од опциите за нивната европската перспектива.