Кошарка
22. February 2017 - 11:44

Борба за опстанок во АБА лигата

 
 
 Во регионалната кошаркарска АБА лига на програмата е 23.коло, кое започна минатиот вторник и ќе трае се до петок. 
 
Во рамките од оваа рунда денеска на програмата се три натпревари. Во нив ќе играат дури пет екипи кои се во долниот дел од табелата, односно опасната зона за испаѓање. 
 
Двојките за денеска се: Морнар - Мега Лекс, Унион Олимпија – Будуќност и Игокеа -  Крка. 
 
На натпревраите кои веќе се одиграа беа постигнати овие резултати: Карпош Соколи - Црвена Ѕвезда 61-98, Цибона – Цедевита 85-89 и ФМП - МЗТ Скопје Аеродром 101-82. 
 
Колото ќе биде комплетирано дуери во петок со средбата  Партизан – Задар. 
 
Табела: Црвена Ѕвезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 17-6, Будуќност 16-6, Партизан 16-6,  Цибона 12-11, ФМП 10-13, Игокеа 10-12, Карпош Соколи 9-14, Олимпија 9-13, МЗТ Скопје Аеродром 8-15, Мега Лекс 8-14, Морнар 7-15, Крка 7-15 и Задар 7-15.