Фудбал
9. November 2017 - 16:42

Бонучи: Мундијал без Италија не е опција

Еден од најдобрите одбранбени италијански фудбалери, Леонардо Бонучи изјави дека Светско првенство без „азурите“ не е опција за него и неговите соиграчи од националниот тим.
 
Италија утре на првиот дуел од плеј-офот за пласман на СП 2018 игра против Шведска, откако не успеа да обезбеди директно учество преку квалификациите.
 
- Сигурно е дека ќе имаме два тешки натпревари против добриот тим на Шведска. Сепак, ние сме Италија и пропуштање на Светското првенство не е опција за нас. Тие ќе бидат беа најдобриот играч во историјата на Златан Ибрахимовиќ и тоа е нашата предност. Ние ќе го дадеме максимумот и верувам дека ќе се квалификуваме на Мундијлот во Русија, изјави Бонучи.
 
Натпреварот Шведска – Италија ќе се игра утревечер во Стокхолм со почеток во 20 часот и 45 минути.