Болт: Време е да заиграм фудбал
Легендарниот Јусеин Болт, најбрзиот човек во светот, потврдил дека откако стави крај на својата кариера во атлетиката дека ќе се активира во фудбалот.
Повеќекратниот светски и олимписки шампион на 100 и 200 метри, човек кој го држи светскиот рекорд на 100 метри (9,58 секунди), ја заврши кариерата по Светското првенство во Лондон, во август оваа година.
Болт, кој е еден од најпопуларните спортисти во историјата не ја исклучи можноста од наредната година да ја започне својата фудбалска кариера.
„Многу би сакал да играм фудбал, особено сега кога ја завршив кариерата во атлетиката. И претходно кажав дека тоа е моја желба. Многу клубови ми се имаат јавено. За жал имав незгодна повреда на „задната ложа“, во август и поради тоа не можев да тренирам. Но ќе бидам подготвен да играм во 2018 година“, рекол Болт за официјалната интернет страница на ФИФА.
Болт кој има осум златни медали од Олимпијадите никогаш не криел дека е голем навивач на Манчестер Јунајтед.
Атлетичарот од Јамајка викендов се наоѓа во САД, во Остин, каде в недела ќе го означи стартот на трката за Големата награда на САД во првенството на Формула 1.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар