Спорт плус
15. February 2017 - 9:27

Болт најдобар во светот во 2016

тлетичарот од Јамајка Јусеин Болт ја доби престижната награда „Лауреус“ за најдобар спортист во светот во 2016 година. Кај дамите наградата и припадна на гимнастичарката од САД, Симон Бајлс. Церемонијата на доделувањето на наградите се одржа во Монако.
 
Јусеин Болт четврти пат во кариерата ја освои наградата „Лауреус“. Претходно Болт оваа награда ја освојуваше во 2009, 2010 и 2013 година. Тој за најдобар спортист во светот беше прогласен во конкуренција на Кристијано Роналдо (фудбал, Португалија), Мо Фарах (атлетика, Велика Британија), енди мари (тенис, Велика Британија0, Стеф Кари (кошарка, САД) и Леброн Џејмс (кошарка, САД).
Атлетичарот од јамајка на тронот го наследи Новак Ѓоковиќ кој беше најдобар во изминатите две години.
 
Наградата „Лауреус“ во женска конуренција ја доби Симон Бајлс која доминираше во гимнастика на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.