Македонија
8. November 2016 - 19:18

Болниците на кои веќе се работи ќе добијат медицинска опрема од повеќе милиони евра

Паралелно со градењето и реновирањето на болниците во Куманово, Струмица, Велес , Свети Еразмо во Охрид и Клиничката болница во Штип ќе добијат нова медицинска опрема во вредност од неколку милиони евра. Ова како дел од програмата на партијата го најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Од проектот за набавка на 3 700 апарати , за кумановската болница планирана е опрема за хируршките сали, апарати за колоноскопија, ехографија, гастроскопија,анестезија и уште голем број инструменти неопходни за прецизна дијагностика.

Најголемата болница во Источниот регион која опфаќа над 200.000 жители освен нова зграда ќе добие и современа апаратура. Од бројни инструменти за хируршки сали, до апарати за речиси сите специјалистички одделенија.

За специјалната болница  „Св. Еразмо која е при крај со реконструкцијата  исто така предвидена е опрема за операционите сали како и многу апарати за ортопедски процедури.

И за струмичката и велешката болница најавена е набавка на современа апаратура за сите специјалности кои ги имаат овие две здравствени установи.