Македонија
1. February 2017 - 11:59

Болницата во Кавадарци доби гастроскоп, донација од „Дрекслмаер“

Кавадаречката болница доби современ медицински апарат гастроскоп за преглед на горниот внатрешно дигестивен тракт, донација од компанијата „Дрекслмаер“. 

Гастроскопот е  веќе ставен во функција и се реализираат закажаните прегледи. Апаратот може да го користат стотина пациенти месечно од регионот на Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман.

Досега пациентите од тој регион беа упатувани на  Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје, информираат од „Дрекслмаер“.