Бизнис
20. јуни 2017 - 20:40

Богов: Инвестицискиот рејтинг и кредитирањето ќе се зголемат ако се намали политичкиот ризик

Економската ситуација е добра но не е идеална. Политичката криза полека одминува, рече  гувернерот Богов при презентирањето на годишниот извештај на НБРМ . Тврди дека ако се реши ситуацијата во земјава и неизвесноста околу евроинтеграциите, во наредните три години Македонија може да има солиден инвестициски рејтинг. Може да се очекува значително раздвижување на економијата и повеќе инвестиции. Јавниот долг не е алармантен. Македонија влегува во ниско задолжени земји. За годинава очекува раст на економијата од 2,5 отсто, но тој многу зависи и од политиките на новата Влада.

-Во моментов  надворешниопт долг е 35 отсто од БДП, остатокот до 46 проценти е домашниот долг кој  го пресметува Министерствотот за финансии, рече гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Пратениците од СДСМ со  критика до Богов зошто не реагирал на константното домашно задолжување и кога се издавала еврообврзницата.

Спорес Богов домашното задолжување не е штетно. Банките се ликвидни  тие мора некаде да ги пласираат вишокот на средства.

-Народната банка не е таа која одлучува дали ќе се издава еврообвтзница или не тоа е политичка одлука. Околу домашнотот задолжување, банките се ликвидни не пласираат многу кредити во стопанствотот имаат вишок на средства и добро е што  се тука на домашниот пазар. Домашнотот задолжување е неопходно за одржување на ликвидноста на буџетот, рече  Димитар Богов- Гувернер на НБРМ

Рече дека нема точна бројка колку се штетите од минатогодишните шпекулации за девалвацијата на домашната валута, но граѓаните  изгубиле над 4 милиони евра од камати при конвертирањето на денарите во евро.