Македонија
18. February 2016 - 11:23

„Богородица“ и „Меџитлија“ затворени за сообраќај

Граничниот премин „Богородица“ денеска од 10:00 часот е затворен за сообраќај, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Од 09:00 до 13:00 часот и од 17:00 до 21:00 часот денеска во целосен прекин ќе биде и сообраќајот при влез и излез од Грција на ГП „Ники“ (ГП Меџитлија), поради штрајк на грчките земјоделци-(фармери).