Спорт плус
1. November 2017 - 9:54

Боде Милер: Готово е !

Американскиот скијач Боде Милер изјави дека ја завршува својата кариера. Тој околу 2,5 години не беше активен на скијачките терени, а имаше мислење дека ќе се врати на натпреварувањето.
 
- Готово е! Кариерата ми беше долга и нема желба за скијање, изјави Милер.
 
Милер има 40 години и се натпреваруваше 16 сезони, а притоа постигна 33 победи во Светскиот куп. 
Тој е еден од петте скијачи кои имаат победи во сите пет дисциплини, а Светскиот куп го има освоено двапати, четири пати беше светски првак и еднаш олимписки шампион во Ванкувер 2010 година.