Фудбал
12. February 2016 - 13:17

Бобан: „ Тоти, жал ми е ама ти дојде крајот“

Легендарниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан јавно му и се обрати на иконата на Рома, Франческо Тоти повикувајќи го да ја заврши кариерата. Бобан кој сега работи како фудбалски аналитичар на ТВ Скај смета дека легендата на Рома не може да игра повеќе на квалитетно ниво со своите 39 години:

„Жал ми е но Тоти повеќе не може да игра пристоен фудбал. По бројните повреди и се што му случуваше доаѓа крајот. Жал ми е но тоа е така“- изјави хрватскиот ас за италијанските медиуми, нешто што многумина немаа храброст да го кажат досега. 
Инаку Тоти нешто порано изјави дека нема намера да ја заврши кариерата. Оваа сезона одигра 5 средби и постигна еден гол.