Џет-Сет
29. March 2017 - 22:30

Боб Дилан сепак прифати да ја прими Нобеловата награда

Американскиот пејач и поет Боб Дилаан прифати да ја прими Нобеловата награда за литература што му беше доделена во октомври, а што тој не ја прими на свечената церемонија на врачувањето на наградите во декември, соопшти денеска Шведската академија.

Во соопштението се вели дека Академијата и Дилан се договориле да се сретнат овој викенд во Стокхолм, на приватна церемонија на која тој ќе ја прими дипломата и медалот на Нобеловата награда, по што ке изведе концерт.

Боб Дилан (75) нема да одржи предавање, како што тоа го налагаат правилата за наградата, туку ќе испрати снимена верзија на својот говор.

Според правилата на Нобеловиот комитет, доколку до 10 јуни не одржи предавање или не достави снимена верзија, на Дилан ќе му пропадне паричниот дел од наградата.

Нобеловата награда изнесува осум милиони шведски круни или 900 илјади американски долари.

Ова нема да биде првпат некој од добитниците на наградата, наместо да зборуваат, своето предавање да го испратат снимено на лента.

Боб Дилан е првиот американски пишувач на песни, кој ја добил оваа најпрестижна награда во светот и е прв Американец кој станал добитник на наградата за литература по романсиерката Тони Морисон, во 1993 година.