Кошарка
12. December 2017 - 21:09

Блокотехна се врати на 1.место во БИБЛ лигата

 
 
  Екипата на Блокотехна ја оствари петатта победа во регионалната кошаркарска Балканската лига (БИБЛ).
 
Во натпревар одседмото коло кошаркарите на Блокотехна  забележаа триумф на гостувањето во Бугарија кај екипата на Рилски спортист со 88:64  по четвртини 25-16, 22-22, 19-13 и  21-13.
 
Петмина кошаркари на гевгелиската екипа имаа двоцифрен број на поени, а најмногу 20 имаше Данило Мијатовиќ, додека Американецот, Двејн  Бенџамин средбата ја заврши со 18  постигнати поени. 
 
Со оваа победа Блокотехна изби на првото место на табелата со „скор“ 5-1 (победи-порази), колку што има и денешниот противник на  гевгелискиот тим
 
Во следното коло (среда, 20 декември) кошаркарите на Блокотехна повторно ќе гостува и тоа кај екипата на Тирана.