Џет-Сет
13. February 2017 - 9:37

Близнаците од Големиот брат се вратија дома: Мика се облекува како женско, а мама Рада вака коментира

Мика и Гиба Васиќ им се вратија на родителите од Хрватска во Мала Плана.

Бранка Радиќ која летоска ги прими на гости Мика и Гиба во својата куќа изјави дека близнаците ги облекувала и хранела и дека тие не работеле ништо.

Откако протекоа фотографии на кои Мика Васиќ (25) е облечен и како жена и откако се откри дека Бранка Радиќ (78) од Река кај Копривница ги избркала, близнаците повторно се вратија кај родителите во Мала Плана.

Foto Damir Dervišagić

Браќата не беа расположени за разговор, како ни нивните родители Рада (52) и Раде Васиќ (57), на кои со денови им се исклучени мобилните телефони и со никого не разговараат.

Foto Printscreen

Според пријателите, мајката и таткото Васиќ биле шокирани од фотографиите на Мика, а мама Рада рекла дека се сликите на нејзиниот син биле „фотокопирани“.

Foto Damir Dervišagić

Бранка Радиќ летово ги прибра во својот дом близнаците Мика и Гиба, но сега изјави дека сами си заминале среде ноќ.

Се пожали дека ги облекувала и хранела, а тие ништо не работеле.

Договорот според кој требаше да им ја остави куќата го раскинала.