Близнаци уапсени за планирање бомбашки напад: „Под полната Месечина, малечките ќе почувствуваат терор“
Браќа близнаци се уапсени во нивниот стан во квартот Бронкс со повеќе од десет килограми материјал за составување бомба во текот на претрес од страна на припадниците на Федералното биро за истраги (FBI) и њујоршката полиција објавија валстите на прес-конференција во четвртокот вечерта.
Дваесет и седумгодишните Кристијан и Тајлер Торо се уапсен со материјалот, од кој дел потекнува од производи за огномет за деца, изјави заменикот началник за разузнавачки и антиерористички операции, Џон Милер.
Полицијата, исто така, пронашла и дневник во кој се зборува за операцијата „Флеш“ и белешки, вклучително и онаа во којашто се истакнува дека браќата имаат намера да убиваат деца.
„Под полната Месечина, малечките ќе почувствуваат терор“, изјави Милер цитирајќи ја белешката.
Истрагата започна по наводна закана со бомба од 4-ти декември во училиште во Харлем, додаде Милер.
Учителот Кристијан Торо на 10-ти декември дал отказ во училиштето и два дена подоцна неговиот брат Тајлер го вратил службениот лаптоп кој го користел Кристијан. Прегледувајќи ја содржината во лаптопот, персоналот на министерството за образование наводно нашол упатства за составување бомба што го пријавиле во полицијата.
Во рамките на натамошната истрага извршен е претресот и браќата се уапсени, обвинети за поседување експлозиви и давање експлозив на малолетници.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, изјави за новинарите дека нема натамошни закани за градот. „Уште еднаш, продолжуваме натаму утре во духот на отпорноста по која се познати њујорчани“, напиша подоцна на Twitter.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили